Haydar Hadi
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
БАГДАД (АА) - Канцеларијата на телевизиската куќа Ал Џезира во Багдад, е затворена откако иранската државна управа не издаде дозвола за нејзино медиумско делување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Ал Џезира во Багдад, Велид Ибрахим, за АА изјави дека оваа медиумска куќа на почетокот од годината пратила барање на Иранската упрва за медиуми за издавање на дозвола на медиумско делување, но барањето било одбиено.
„Управата донесе одлука да не издаде дозвола за медиумско делување во било кој дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Багдад. Медиумско делување е дозволено единствено во рамките на Курдската управа на северен Ирак", изјави Ибрахим.
Тој изјави дека за оваа одлука е известено и централното седиште на Ал Џезира во Доха, од каде подоцна е упатено писмо за затворање на канцеларијата во Багдад. Ибрахим додаде дека на Иранската управа за медиуми повторно ќе и биде пратено барање за одобрување на медиумското делување.
Од канцеларијата на Ал Џезира порачаа дека се изненадени од ваквата одлука и дека како канал ќе ја задржат досегашната политика кон случувањата во регионот.