Aldıjana Hadzıc
28 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
САРАЕВО (Аа) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1789.- Службеникот Флечер Кристијан го започна веројатно најпознатиот бунт во историјата на поморски работи, на британскиот брод Баунти. Тој со уште 18 од вкупно 42 морнари за време на ноќта го заробил капетанот Вилијам Блиг и неговиот верен дел од екипажот и ги оставил во море во седум метри долг спасувачки чамец, околу 55 километри од најблискиот брег. Капетанот со морнарите се спасил и го преживеал патувањето во Тимор, од каде се вратил во Англија и го пријавил случајот на бунт, по што тргнал во потрага по киднапираниот брод.
1853.- Почина германскиот писател, Лудвиг Тик. Тој пишуваше драма, критика, научни трудови, а се испробал и како преведувач. Тој ја преведувал средновековната германска поезија, „Дон Кихот" од Червантес, а учествувал во довршување на преводите на Шлегел на делата на Шекспир. Сепак, неговиот најголем придонес се новелите.
1878.- Роден е американскиот филмски и театарски актер Лајонел Блајт, познат како Лајонел Баримор, кој како дете се прослави во улогата на Оливер Твист.
1914.- Вилис Кариер патентираше клима уред.
1918.- Почина Гаврило Принцип, член на организацијата „Млада Босна" и атентатор на австро-унгарскиот надвојвода Франц Фердинанд, во Сараево 1914 година.
1948.- Роден е Тери Пратчет, писателот на научна фантастика. Книгите на Пратчер се продадени во 85 милиони примероци ширум светот на 37 јазици.
1956.- Последните француски трупи го напуштија Виетнам.
2001.- Американскиот мултимилионер Денис Тито стана прв светски турист во вселената. Тој полетал со руско летало 'Soyuz TN-32', во орбитата поминал 7 дена а целото патување го платил за 20 милиони долари.
2003.- Рускиот вселенски брод 'Soyuz', прво лансирано летало со човечка посада по падот на американскиот шатл 'Columbia', успешно се споил со меѓународната вселенска станица во Земјината орбита.
2015.- Нигерската војска спаси 93 жени и 200 девојчиња од рацете на терористичката организација Боко Харам.