Aldıjana Hadzıc
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Од историските настани кои се случиле на денешен ден издвојуваме:
1689. - Роден е францускиот филозоф и писател Монтескје.
1778. - На патување по Тихиот Океан, истражувачот Џејма Кук, во потрага за премин преку северот би го поврзувал Тихиот со Атланскиот океан, стаса до Хаваите.
1892. - Роден е Оливер Харди, познат како "Оли", кој беше познат по улогите во филмскиот серијал "Станлио и Олио" (Стан и Оли) роден е 1892 година.
1896. - Вилјем Конрад Ронтген, по откивањето на Х-зракот, така наречени тогаш поради тогаш непознатата природа го представи првиот строј кој применува зрачење од тој вид.
1919. - Валтер Овен Бентли го основа Бентли Моторс, компанијата за произвоство на лукзусни автомобили. Од 1998 година дел е од Воклсваген (VW) Групата.
1955. - Роден е американскиот актер Кевин Костнер.
1977. - Во авионска несреќа загина политичарот Џемал Биједиќ. Заедно со него загина и неговата сопруга Разија, како и уште шест членови на посадата. Авионот беше на пат за Сараево од Белград, бидејќи тој ден Биједиќ пристуствуваше на испраќањето на Јосип Броз Тито во Либија. Поради наводните лоши временски услови авионот удри во ридот Инач, на планината Лисин над Крешево, се преполови и експлодираше. На јавноста и се познати тврдењата на членовите на посадата и на семејството Биједиќ за тоа дека овој некогашен соработник на Тито е убиен.
2005. - Во Тулуз, Франција, на јавноста и е претставен првиот модел на "Airbus A380" , со сериски број "MSN001". Се работи за четиримоторен патнички авион со капацитет од 525 до 853 места.