култура и уметност

Историските градби во Багдад имаат потреба од одржување

Оние што живеат во овие импровизирани згради, кои се историски, од време на време, со свои ограничени средства ги реставрираат, но главно очекуваат Владата да ги преземе и да ги реставрира

Haydar Karaalp  | 14.06.2019 - Обновена : 17.06.2019
Историските градби во Багдад имаат потреба од одржување (Foto: Haydar Karaalp/ AA)

БАГДАД (АА) - ХАЈДАР КАРААЛП -

Историските градби во Багдад, главниот град на Ирак, од периодот на Абасидите и Османлиите, кои се обидуваат да му одолеат на времето, имаат потреба од одржување.

Десетици историски градби во централниот дел на Багдад, коишто се наоѓаат во областите Алави, Хајфа, Бетавин, Шевака, Ивазије, Казимије и улицата „Ел-Решит“, ќе пропаднат поради тоа што се занемарени со години, а некои од тие згради пак, се трансформираат во домови каде што се засолнети сиромашните семејства.

Оние што живеат во овие импровизирани згради, кои се историски, од време на време, со свои ограничени средства ги реставрираат, но главно очекуваат Владата да ги преземе и да ги реставрира.

Осумдесет и тригодишниот Абдулмедхи Ибрахими, еден од жителите на Бетавин, регион каде што има историски градби, во главниот град Багдад, во разговор за Anadolu Agency (AA) објасни кој живее во тие историски згради.

Ибрахими од Багдад рече дека поранешниот назив на регионот бил Урфели, и тука живееле турски семејства од Урфа, а името на регионот останало од нив.

Тој, исто така, истакна дека откако турските семејства емигрирале во 1930-тите, во регионот се населиле ирачките Евреи. Со формирањето на Израел во 1940-тите, Евреите ја напуштиле земјата, а во историските градби се населиле ирачките христијани. 

- „На времето беа меѓу најубавите места во Багдад“ 

Ибрахими рече дека областа Бетавин до 1980 година се сметала за едно од најубавите и посебни места во главниот град.

„Регионот беше еден од најубавите делови на Багдад до Иранско-ирачката војна. Подоцна и Првата заливска војна имаше негативно влијание врз регионот. И оттогаш овие места останаа запоставени. Жителите на овој регион почнаа да ги напуштаат своите куќи, кои се наоѓаат пред рушење. И владите кои беа на власт ги занемарија историските места, и сето тоа придонесе народот да се откаже“, нагласи Ибрахими, жител на областа Бетавин.

„Откако историските градби во Бетавин беа напуштени, сиромашните семејства се сместија во тие домови“, рече Ибрахими, и додаде: „Со текот на времето, овие места станаа најопасните улици и маала во Багдад. Почна да се споменуваат како место со дрога, кражби и лоши настани“.

„Бидејќи се сметаат за историски згради, сопствениците на зградите не можат да ги поправаат. Релевантните институции пак, не ги одржуваат. Името на ова место е историски регион, но не може да се види ниту една грижа достојна на историско место“, нагласи Ибрахими. 

Од друга страна, Саад Хамза, потпретседател на Националниот музеј за ирачки историски споменици, рече дека Владата во рамките на своите можности се обидува да ги заштити таквите историски споменици.

Хамза рече дека нивната цел е најмалку да се развиваат државните историски региони, не само приватните. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın