Турција

Ердоган за време на средбата со Рашид: Ирак треба да се исчисти од сите форми на тероризам

Ердоган утринава пристигна во еднодневна посета на Ирак, а во главниот град Багдад се сретна со неговиот ирачки колега Абдул Латиф Рашид

Mustafa Hatipoğlu  | 22.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Ердоган за време на средбата со Рашид: Ирак треба да се исчисти од сите форми на тероризам

БАГДАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид истакна дека Туркије има очекувања од Ирак во контекст на борбата против терористичката организација ПКК и дека Ирак треба да се исчисти од сите форми на тероризам, јавува Анадолу.

Ердоган утринава пристигна во еднодневна посета на Ирак, а во главниот град Багдад се сретна со неговиот ирачки колега Абдул Латиф Рашид, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

За време на средбата, на која се разговараше за билатералните односи меѓу Туркије и Ирак, нападите на Израел врз Газа, регионалните и глобалните прашања и борбата против тероризмот, Ердоган рече дека Туркије има очекувања од Ирак во однос на борбата против терористичката организација ПКК и дека Ирак треба да биде исчистен од сите форми на тероризам.

Наведувајќи дека за стабилноста на Ирак е важно односите меѓу Багдад и Регионалната влада на Ирак да се на добар пат и Туркмените да ја добијат позицијата што ја заслужуваат, Ердоган истакна дека продолжуваат напорите да се запре израелското угнетување во Газа и дека муслиманските земји мора да дејствуваат обединето во овој процес.

По состанокот се очекува заедничка прес-конференција.

​​​​​​​Во делегацијата предводена од Ердоган, меѓу другите, се министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергија и природни ресурси Алпарслан Бајрактар ​​и шефот на Директоратот за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın