Турција

Ердоган во Ирак: „Посетата и потпишаните договори претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Туркије и Ирак“

„Стратешкиот рамковен договор за заедничка соработка што го потпишавме со премиерот (Судани) претставува силна Мапа на патот“

Esra Tekin, Seda Sevencan  | 22.04.2024 - Обновена : 23.04.2024
Ердоган во Ирак: „Посетата и потпишаните договори претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Туркије и Ирак“

БАГДАД (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по средбата во Багдад со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал-Судани, рече дека Стратешкиот рамковен договор потпишан меѓу Туркије и Ирак претставува „цврста Мапа на патот“, јавува Анадолу.

„Верувам дека мојата посета и договорите што штотуку се потпишани ќе претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Туркије и Ирак“, порача Ердоган на прес-конференцијата по средбата со ирачкиот премиер Ал Судани во Багдад, главниот град на Ирак. .

Во главниот град на Ирак, Багдад, по средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани, беше потпишан меморандум за разбирање во врска со соработката на проектот за Развојен пат меѓу Ирак, Туркије, Катар и Обединетите Арапски Емирати. (ОАЕ).

„Стратешкиот рамковен договор за заедничка соработка што го потпишавме со премиерот (Судани) претставува силна Мапа на патот“, рече Ердоган.

Осврнувајќи се на средбите со премиерот Ал Судани и со претседателот на Ирак Абдул Латиф Рашид, Ердоган рече дека соработката во подрачјето на безбедноста и борбата против тероризмот е една од најважните точки на дневниот ред.

Тој додаде дека Туркије го поздравила прогласувањето на ПКК за забранета организација во Ирак.

„Разговаравме за можни заеднички чекори против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои за цел ја имаат Туркије од ирачка територија“, подвлече Ердоган.

Двајцата челници се осврнаа и на израелските напади врз Газа.

„Со моите ирачки колеги разговарав за последиците од израелското насилство во Палестина врз нашиот регион и се консултиравме за заедничките чекори што можеме да ги преземеме“, рече Ердоган.

Во контекст на зголемените тензии меѓу Иран и Израел, Ердоган ги потсети сите релевантни страни да избегнуваат чекори кои водат до ескалација на тензиите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın