политика, Балкан

Претседателски избори во Северна Македонија: ДИК почна со објавување на неофицијалните резултати

Според веб-страницата на ДИК, води кандидатката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со освоени околу 38,5 отсто од гласовите

Abdula Berisha  | 24.04.2024 - Обновена : 25.04.2024
Претседателски избори во Северна Македонија: ДИК почна со објавување на неофицијалните резултати Фото: Abdula Berisha/АА

СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија започна со објавување на првите неофицијални резултати од првиот круг на претседателски избори што се одржаа денес, јавува Анадолу.

Според веб-страницата на ДИК, досега податоците се испратени по електронски пат од околу 65 отсто од избирачките места, од кои кандидатката Гордана Силјановска Давкова од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ освоила околу 38,5 отсто од гласовите, рангирајќи се прва.

Актуелниот претседател и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, е на второто место со околу 19 отсто.

Трет е Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи и кандидат на коалицијата предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кој има освоено околу 15 отсто од гласовите.

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ „ВЛЕН“, составена од албанските опозициски партии, Арбен Таравари, е четврти со околу 11 отсто освоени гласови.

Петти е Максим Димитриевски од Движењето „ЗНАМ“ кој има освоено околу 8 отсто од гласовите.

Кандидатката Билјана Ванковска Цветковска, поддржана од опозициската партија Левица, е шеста со околу 4,5 отсто, а кандидатот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, е на последно место со речиси еден процент.

Ова се неофицијални резултати објавени на веб-страницата на ДИК, а се очекува во текот на утрешниот ден ДИК да ги објави и официјалните резултати.

Победник во првиот круг на изборите се прогласува доколку еден од кандидатите освои повеќе од 50 отсто од гласовите од сите запишани избирачи.

Доколку во првиот круг не се прогласи победник, вториот круг е предвиден да се одржи на 8 мај, денот кога се закажани и парламентарните избори во земјата.

Од осамостојувањето на земјата, ова се седми претседателски избори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.