Политика за приватност и веб-колачиња

АНАДОЛУ АЖАНСИ Т. А. Ш.

ПОЛИТИКА НА ДОВЕРЛИВОСТ И КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-КОЛАЧИЊА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА

 

  1. ЦЕЛ и ОПСЕГ

 

1.1. Анадолу Ажанси Т.А.Ш., која е сопственик и управува со интернет страницата www.aa.com.tr, го подготви овој документ за Политиката на доверливост и користење веб-колачиња (cookies) на веб-сајтот, имајќи за цел да ве информира во врска со правата на обработка, безбедност и доверливост на личните податоци добиени од (…) интернет сајтовите со кои соработува, од договори или воспоставен контакт со претплатниците на било кој друг начин, посетители на интернет страницата или трети лица, што се во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Турција број 6698 и во рамките на постоечката законска регулатива.

 

1.2. Анадолу Ажанси му оддава големо значење на доверливоста на податоците на претплатниците и посетителите, и за таа цел од аспект на одговорност, ги презема сите првентивни мерки за заштита на податоците, нивната доверливост и безбедност во согласност со точката 12 на Институција за заштита на личните податоци и сѐ останато што е во согласност со законската регулатива.

 

1.3.  Анадолу Ажанси одредбите на оваа политика, која се спроведува преку горе споменатите веб-сајтови, може да ја засили и да ја промени кога ќе посака. Изработените засилувања и измени извршени од страна на Анадолу Ажанси стапуваат во сила од датумот на нивното објавување на интернет страницата.    

 

1.4.  Разгледајте го „Текст за разјаснување на Анадолу Ажанси Т.А.Ш.“ кој има за цел да ве информира за деталите околу процедурите и принципите на „Политиката за обработка на лични податоци“

 

1.5. Во текстот за оваа политика на доверливост и користење на веб-колачиња, сите ‘претплатници’ и ‘корисници’, одделно или заедно ќе бидат именувани како ‘посетители’.

 

  1. Дефиниции и кратенки  

Значењето на дефинициите и кратенките во Текстот за разјаснување:

Претплатник:            Физичко и правно лице кое преку претплатничкиот систем ги искористува услугите на Анадолу Ажанси,

Анадолу Ажанси :     Анадолу Ажанси Т. А. Ш. со седиште на адреса: Eti Mah. GMK Bulvarı No: 132 Çankaya/Ankara, Турција

Колачиња:                 Мали текстуални датотеки кои преку интернет пребарувачот се складираат во вашиот уред или во мрежниот сервер од страна на веб-сајтот,

Политиката на доверливост и користење веб-колачиња: Политиката на доверливост и користење веб-колачиња од страна на  Анадолу Ажанси Т. А. Ш.,

Интернет страница: Веб-страници www.aa.com.tr и (…) чиј сопственик и раководител е Анадолу Ажанси,

Лични податоци:       Секакви информации околу Посетителот чиј идентитет е специфициран или може да се специфицира,

Обработка на лични податоци: Секој процес којшто се реализира врз податоците, како што се обезбедување на податоци на целосно или делумно автоматски начин под услов да бидат дел од било кој систем за регистрација на податоци, нивна регистрација, складирање, зачувување, промена, преуредување, објаснување, пренесување, трансферирање, нивна трансформација во пристапни податоци, класификација или спречување на нивна употреба,

Сопственик на лични податоци: Посетителот чии лични податоци се обработуваат,

Корисник:                  Посетители и Претплатници кои ги користат веб-сајтовите, создавајќи корисничко име и лозинка со цел пристап до веб-сајтовите на Анадолу Ажанси,

КВКК:                        Законот 6698 за заштита на личните податоци кој стапи во сила по објавувањето во Службен Весник на Турција на 7 април 2016 година,

Обработувач на податоци: Физичко и правно лице кој ги обработува личните податоци во име на одговорниот за податоци,

Одговорен за податоци: Физичко или правно лице кое ги специфицира целите и инструментите за обработка на личните податоци, и е одговорен за формирање и управување на системот за регистрација,

Посетител:                 Лицата кои за било каква намена ги користат веб-страниците www.aa.com.trи (…) на Анадолу Ажанси.

 

  1.    Обработени лични податоци и цели на обработка

 

3.1. Во врска со посетителите 

 

3.1.1.      Анадолу Ажанси, поради постоечките врски, ги обработува личните податоци кои посетителите и ги испраќаат, и со кои се дефинирани посетителите, вклучувајќи ги нивното име, презиме, телефонски број, адреса, електронска пошта, но не се ограничува само на нив, туку ги обработува и податоците од кредитната картичка и информациите за идентитетот.

 

3.1.2.      Анадолу Ажанси ќе ги користи личните податоци на гореспоменатите посетителите за формирање на база на податоци и истражување на пазарот, за спроведување на обврските од договорот, за  исполнување на своите законски обврски, испраќање на билтени и известувања до претплатниците и корисниците, за давање информации за нови услуги, заспроведување директен маркетинг во системот на претплата или со лицата со кои соработува, за воспоставува контакт со корисникот кога е тоа потребно, за  извршување различни статистички проценки без откривање на идентитетот на корисникот.

 

3.1.3.      Во случаите кога публикациите на Анадолу Ажанси се користат како доказ, на барање од судовите и другите административни и службени органи, во согласност со постапката што е пропишана, Анадолу Ажанси со надлежните органи ќе ги сподели нејзините публикации во кои се објавени лични податоци.

 

3.1.4.      Анадолу Ажанси ја идентификува и ја користи IP адресата на Посетителите со цел да ги идентификува проблемите поврзани со системот за претплата и да ги разреши проблемите кои можат да се појават на платформите на веб-сајтовите во рамките на системот за претплата. IP адресите исто така може да се користат за да се идентификуваат посетителите на општ начин и да се соберат сеопфатни демографски информации.      

 

3.2. Во врска со веб-колачиња  

 

3.2.1.      Анадолу Ажанси, информации за посетителите може да добие со помош на веб-колаче. Благодарение на колачињата, Анадолу Ажанси, следејќи ги активностите на посетителите за време на посетата на интернет страницата, собира статистички податоци за тоа како посетителите го трошат своето време на интернет. Овие веб-колачиња можат да содржат информации кои може да се користат за идентификација на лицето кое го посетува веб-сајтот, како што се неговото име, е-маил адреса, фотографијата на профилот, возраст, пол, IP-адреса и можно е со користење на овие лични податоци, создавање на база на податоци за Анадолу Ажанси. Со посетата на интернет страницата, посетителите се согласуваат со обработка на нивните податоци.

 

3.2.2.      Овие колачиња ѝ помагаат на Анадолу Ажанси за собирање на статистички информации колку луѓе ги посетиле нејзините веб-сајтови, која е интересот на посетителот на веб-сајтот, колку пати ги посетува овие веб-сајтови,  колкав период поминува следејќи ги и динамички генерира специјално дизајнирани реклами и содржини од кориснички страници прилагодени за посетителот. Датотеката за техничка комуникација не е дизајнирана да прима податоци или какви било други лични информации од главната меморија или е-поштата. Повеќето интернет пребарувачи се дизајнирани да ја прифатат техничката комуникациска датотека, но посетителите можат да ги променат нивните поставки, со што техничката комуникациска датотека нема да пристигне или доколку техничката комуникациска датотека биде испратена, да биде дадено предупредување.  

 

3.2.3.      Веб-колачиња што ги користи Анадолу Ажанси:     

Технички веб-колачиња
(Technical Cookies)
Техничките колачиња ja обезбедуваат работа на веб-сајтот, ги откриваат страниците и областите на веб-сајтот што не работат.

Веб-колачиња за автентичност


(Authentication Cookies)
Кога посетителите влегуваат на веб-сајтот користејќи ги нивните лозинки, со овој вид веб-колачиња се потврдува дека посетителот е корисник на веб-сајтот и при посета на секоја наредна страница од веб-сајтот, се спречува повторно внесување на лозинка од страна на корисникот. 
Флеш веб-колачиња


(Flash Cookies)
Вид на колачиња кои се користат за активирање на слика или аудио содржина на интернет страницата.
Веб-колачиња за персонализација
(Customization Cookies)
Веб-колачиња кои се користат за помнење на корисничките референци на различни страници при посета на различни веб-сајтови. Пример, помнење на изборот на јазикот.
Веб-колачиња за аналитика


(Analytical Cookies)
Веб-колачиња за аналитика овозможуваат изработка на аналитички резултати, како што се бројот на посетители на веб сајтот, приказ на страниците кои се посетени на веб-сајтот, период во кој е посетуван веб-сајтот, движење по страниците на веб-сајтот

Веб-колачиња од трета страна
 
 
 
 
 
(Third Party Cookies)
Според страната што ги поставува веб-колачињата, се користат платформски веб-колачиња и веб-колачиња од трета страна. Додека платформски веб-колачиња се создадени од Анадолу Ажанси, раководењето со колачињата од трети страни го прават различни компании со кои соработува Анадолу Ажанси.

 

  1. ОПШТИТЕ ПРИНЦИПИ, УСЛОВИ И ЦЕЛИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

4.1. Вашите лични податоци се обработуваат врз основа на општите принципи наведени во член 4 на КВКК

 

· Во согласност со законот и правилата на чесност,

· На праведен, и по потреба на ажуриран начин,

· За одредени, отворени и легитимни цели,

· Поврзани, ограничени и измерени со целта на обработување,

· Зачувувајќи ги во рокот предвиден со закон, или во рокот потребен за целта за која се обработени.

 

4.2. Врз основа на член 5 на КВКК, личните податоци не можат да се обработуваат без отворена согласност на Сопственикот на Податоците. Но, врз основа на истиот член, во случај на исполнување на еден од долунаведените услови, можна е обработката на личните податоци без отворена согласност на Сопственикот на Податоците: 

 

· Доколку отворено е предвиден во законите,

· Доколку едно лице не е во можност да ја објави својата согласност или не му се признава законската валидност на согласноста и се обврзува заштитата на неговиот животен или физички интегритет или на друго лице,

· Доколку директно е поврзан со создавање или завршување на еден договор и се бара обработка на личните податоци кои им припаѓаат на страните,

· Доколку задолжително е Одговорниот за податоци да го исполни својата законска обврска,

· Доколку Сопственикот на личните податоци самиот се изнесува во јавност,

· Доколку обработката на податоците е задолжителен за поставување, користење или заштита на едно право, 

· Доколку податоците треба да се обработуваат за легитимни интереси на Одговорниот за Податоци, со услов да не се нарушат основите права и слободи на на Сопственикот на лични податоци.

 

 

  1. МЕТОДИ НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРАВНИ ПРИЧИНИ

5.1. Анадолу Ажанси собира личните податоци од

 

· Формулар за претплата,

· Формулар за контакт на веб-сајтот,

· При посета на веб-сајтовите,

· Формулари за регистрација на е-билтен,

· Формулари за членство,

· Склучени договори,

како што се горенаведените процеси и базирајќи се врз основа на различни законски регулативи кои се во согласност со основните принципи што ги предвидува КВКК во точките 5 и 6 за условите за собирање, обработка и трансфер на личните податоци, особено во рамките на политиката на доверливост и веб-колачиња.   

5.2. За различните видови на вашите лични податоци, како предмет на политиката за доверливост и веб-колачиња, и во зависност од целта за која тие податоци ќе бидат обработени, генерално се бара формирање договор или поврзаност со директно плаќање, при што процесите за легитимните интереси на одговорниот на податоците треба да се базираат врз правни причини, задолжително е спроведувањето на законските обврски од страна на одговорниот на податоците, задолжителна е обработка на податоци при изградба, употреба и заштита на податоците.

 

  1. Трансфер на лични податоци

 

6.1. Анадолу Ажанси ги користи личните податоци од предметот Политика за доверливост и веб-колачиња и новите податоци добиени со користење на овие лични податоци, првенствено за исполнување на барањата од обврските/договорот кон сопственикот на личните податоци (вклучувајќи подобрување и персонализација), за осигурување безбедност на сопственикот на личните податоци, откривање и спречување измама, подобрување на понудените услуги, спроведување оперативна истражувачка оценка, решавање на грешките, проверка на корисничкиот идентитет, за извршување на било која од горенаведените целите, вклучувајќи го и подобрувањето на перформансот на системот, а во рамките на законските обврски, во особени случаи кои што се опфатени со точката 4.2 од Политиката, може да ги сподели со: надворешни даватели даватели на услуги, карго компании,  правни фирми, истражувачки компании, кол центри,  управа за жалби и софтверски компании кои ја одржуваат безбедноста, агенции, консултантски компании,  компании од печатарскиот сектор, банки, правни или трети лица, вклучувајќи и кругови на социјалните медиуми и  овластен институции, организации, органи, административни и судски тела. 

 

6.2. Во рамките на горенаведените цели, Анадолу Ажанси за истите намени, ограничено и пропорционално, како што може да ги пренесе личните податоци  кон трети лица во земјата, тоа може да го направи и кон странство.    

 

  1. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ   

 

7.1. И покрај тоа што обработката се спроведува во согласност со законот на КВКК и другите соодветни закони, по укинувањето на причините за обработка на податоците, Анадолу Ажанси ги брише, уништува или ги доведува во анонимна форма личните податоци       

 

7.2. Доколку дојде до некакво недоразбирање или спор, Анадолу Ажанси, во согласност со законите на КВКК, може да ги зачува личните податоци во текот на временскиот период одреден со закон. Во тој случај, задржаните лични податоци не можат да се користат за било која друга цел, туку само во рамките на конкретниот спор           

 

7.3. Времетраењето на задржување на личните податоци кои се предмет на Политика за доверливост и веб-колачиња од страна на Анадолу Ажанси е како што наведено во продолжение:

7.3.1.      За претплатници и корисници:

 

 
ПРИРОДА НА ПОДАТОЦИ

Период на започнување на чување на податоците по датумот на прекин на соработката   
ПЕРИОДИЧНО УНИШТУВАЊЕ

Обработени лични податоци кои потекнуваат од постигнати договори

 
10 години
За секој податок одделно, по изминати 10 години, во рок од 6 месеци
 
Даночна евиденција
 
 
5 години

За секој податок одделно, по изминати 5 години, во рок од 6 месеци
 
Лични податоци на посетители
 
      
6 месеци

За секој податок одделно, по изминати 6 месеци, во рок од 6 месеци
 

 

7.3.2.      Во врска со веб-колачиња:   

Технички веб-колачиња
(Technical Cookies)
 
Веб-колачиња за автентичност


(Authentication Cookies)
 
Флеш веб-колачиња


(Flash Cookies)
 
Веб-колачиња за персонализација
(Customization Cookies)
 
Веб-колачиња за аналитика


(Analytical Cookies)
 
Веб-колачиња од трета страна



(Third Party Cookies)
 

 

 

 

  1. Права на сопственикот на лични податоци    

 

8.1. КВКК и соодветното законодавство за носители на лични податоци;     

· Дознавање дали се обработуваат личните податоци,

· Барање информации во врска со обработените лични податоци,

· Информирање во врска со намената на обработените лични податоци и дали тие се користат соодветно на целта,

· Информирање за иденетитетот на третите лица во земјата или во странство на кои им се предадени личните податоци,

· Барање за исправка на личните податоци во случај кога тие се нецелосни или се дадено погрешно, и во процесот спроведен во тие рамки, барање за информирање на трети лица за надополнувањето на личните податоци,

· И покрај тоа што обработката е спроведена во согласност со Законот број 6698 и одредбите на другите соодветни закони, доколку дојде до отстранување на причините за спроведување на обработката на податоци, тогаш се бара бришење или уништување на личните податоци и во тие рамки информирање на трети лица на која ѝ се предадени личните податоци,

· Приговор од лице поради појава на последици од анализа на обработените податоци исклучиво со автоматски системи,

· Доколку е настаната загуба при обработката која го прекршува Законот за лични податоци, тогаш лицето има право да бара надомест за настаната загуба.

 

8.2. Како сопственици на лични податоци, во формуларот кој ги содржи барањата во врска со вашите права, на јасен и концизен начин можете да ги внесете податоците за вашиот идентитет и адреса, додавајќи ги и документите кои го потврдуваат тоа; на писмено и со потпис, по пошта или по нотарски пат, сето тоа можете да го испратите на адресата на Анадолу Ажанси, како одговорна за податоците, „Eti Mah. GMK Bulvarı No: 132 Çankaya/Ankara“ или по електронски пат на е-маил.

 

8.3. Пред Анадолу Ажанси да ви одговори, за потврда на идентитетот во вашето барањето треба да бидат наведени;

· Вашето име, презиме и потпишано,

· За турски државјани број на турска лична карта, а доколку сте странец, тогаш број на пасош или доколку имате број на лична карта,

· Адреса на ваш престој или деловна адреса за понатамошно известување,

· Доколку имате, треба да ги наведете вашата е-маил адреса, телефонски број или факс,

· Ваше барање,

и овие информации и документи е потребно да бидат поднесени заедно со вашата апликација.








8.4. Одговорнота за точноста и потполноста на личните податоци што ги обработува Анадолу Ажанси Т.А.Ш., е на сопственикот на личните податоци. Анадолу Ажанси нема никаква одговорност доколку се дадени погрешни, лажни или нецелосни информации, а доколку поради погрешни, лажни или нецелосни информации на Анадолу Ажанси ѝ биде нанесена штета или загуба, тогаш обврската за обештетување му припаѓа на сопственикот на личните податоци кој е причина за тоа. Анадолу Ажанси, со поддршка на носителот на личните податоци, секогаш ќе ги чува личните податоци точни и ажурирани. Меѓутоа, во случаите кога овие лични податоци треба да се избришат, изменетат или ажурираат, тогаш сопственикот на лични податоци треба да ја контактира Агенцијата Анадолу преку е-маил.

 

8.5. Доколку вашето барање до Анадолу Ажанси биде испратено на горенаведениот начин, тогаш Анадолу Ажанси, во зависност од природата на барањето, ќе го склучи договорот во најкраток можен рок, најдоцна во рок од 30 дена.  Одговорот нема да се наплаќа доколку тој не надмине 10 страници. За секоја страница над 10 страници, ќе биде наплатено една турска лира. Доколку одговорот на барањето биде даден во некој вид медиум за снимање, како ЦД или флеш меморија, тогаш надоместокот што може да го побара Анадолу Ажанси, нема да ја надмине цената на медиумот за снимање.