Haydar Karaalp
15 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
БАГДАД (АА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад ги повика своите државјани во Ирак во најкраток рок да ја напуштат земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од американската Амбасада е наведено дека државјаните на САД, вклучувајќи ги и вработените на Амбасадата, треба во најкраток период да го напуштат Ирак.
„Држете се подалеку од американските продавници кои се наоѓаат во Ирак“, е едно од предупредувањата што го упати американската Амбасада.
„Ве молиме да ја земете предвид својата безбедност. Бидете информирани за случувањата во вашата околина. Обратете се на нашата Амбасада во случај да сакате да ги посетите регионите кои се опасни“, се наведува во соопштението.
Американскиот Стејт департмент побара вработените во Амбасадата во Багдад, како и конзулатот во Ербил, итно да ја напуштат земјата.