Турција

Турскиот претседател Ердоган: „Успешно ја завршивме нашата посета на САД со продуктивни средби и контакти“

„Турција ќе продолжи да биде гласот на совеста низ целиот свет“, изјави Ердоган.

Asiye Latife Yılmaz  | 26.09.2025 - Обновена : 26.09.2025
 Турскиот претседател Ердоган: „Успешно ја завршивме нашата посета на САД со продуктивни средби и контакти“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека неговата посета на Соединетите Американски Држави (САД), реализирана по повод на 80. Генерално собрание на ОН, ја завршил со „продуктивни програми, контакти и средби“, јавува Анадолу.

„Успешно ја завршивме нашата посета на САД, организирана по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации, со многу продуктивни програми, контакти и средби и се вративме во нашата земја“, изјави Ердоган на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.

Турскиот претседател додаде дека Турција ќе продолжи да биде „гласот на совеста низ целиот свет“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.