Elena Trenchevska Chekovic
25 Септември 2025•Ажурирај: 26 Септември 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Полицијата уапси демонстранти кои излегоа да изразат поддршка за Палестина на протест пред американскиот Капитол во Вашингтон, јавува Анадолу.
Собирот се одржа во услови на растечко меѓународно негодување поради тековната војна на Израел во Газа, во која од октомври 2023 година убиени се повеќе од 65.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Демонстрантите повикаа на итен прекин на бомбардирањето, ја осудија поддршката на САД за Израел и побараа одговорност за геноцидот.