свет

„Беше одлична средба“, изјави Трамп по средбата со Ердоган

- Двајцата лидери одржаа билатерален состанок во Овалната соба, по што следуваше работен ручек

Diyar Güldoğan  | 25.09.2025 - Обновена : 25.09.2025
„Беше одлична средба“, изјави Трамп по средбата со Ердоган

ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот колега Доналд Трамп, известува Анадолу.

Двајцата претседатели одржаа билатерална средба во Овалната соба, во Белата куќа, по што следуваше работен ручек.

„Беше одлична средба“, им рече Трамп на новинарите додека Ердоган ја напушташе Белата куќа.

Нивната средба траеше 2 часа и 20 минути.

Пред средбата што се одржа зад затворени врати, Ердоган и Трамп одговараа на прашањата на новинарите во Овалната соба, по што претседателот Ердоган се потпиша во книгата за гости во Белата куќа.

Ердоган допатува во Њујорк за да присуствува на годинашната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој вчера пристигна во Вашингтон, каде што престојуваше во Блер Хаус, официјална резиденција за гости на американскиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.