Rania R.a. Abushamala
15 Декември 2023•Ажурирај: 16 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Дописникот на Ал Џезира од Газа, Ваел ал-Дахдух, е ранет денес од шрапнел за време на израелски воздушен напад врз градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Очевидци изјавија за дописникот на Анадолу дека Ал-Дахдух се здобил со повреди на раката и стомакот од проектил лансиран од израелски воен дрон, чија цел била околината на училиштето Хаифа во центарот на Хан Јунис.
Медицински извори за Анадолу информираа дека повредите на палестинскиот новинар се „лесни“ и дека неговата здравствена состојба е „стабилна“.
Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Досега во израелските напади врз Газа загинати се најмалку 18.787 Палестинци, а 50.897 се повредени, според податоците на здравствените власти на Газа.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, а 135 заложници сè уште се држат од палестинските групи во Газа.