Gülşen Topçu
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
АНБАР (АА) - Во антитерористички операции против терористичката организација ДАЕШ во Рамади во Ирак, како и во напади во Анбар, загинаа 18 терористи а шестмина војници се повредени, јавува Anadolu Agencu (AA).
Командантот Исмаил ал-Mихлави кој командува со операцијата во Анбар, рече дека во акцијата во Рамади се убиени 11 припадници на терористичката организација ДАЕШ, а повредени се шестмина војници.
Во Анбар е извршен напад врз полициска станица во близина на границата на Ирак со Саудиска Арабија. Во контра-нападот се убиени седум милитанти.
Од друга страна, во вооружен напад врз една куќа во Багдад, загинаа пет лица, меѓу кои и три жени. Во бомбашките напади на неколку локации во Багдад, загинаа девет лица, а 35 беа повредени.