Ekipa
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
ПЕШАВАРА (АА) - Најмалку осуммина рудари загинаа а четворица се водат за исчезнати откако во северозападниот дел на Пакистан, како резултат на силните врнежи од дожд, дошло до уривање на рудник со јаглен, соопштија палистански официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дост Мухамед од локалната самоуправа рече дека до срушување на рудникот во регионот Оракзај дошло изминатата ноќ. Како што рече, војниците успеале да спасат 29 рудари, и покрај тешкотиите поради обилните врнежи.
Латифур Рехман, исто така од локалната самоуправа додаде дека поради оболните врнежи од дожд во другите подрачја на северозападниот дел од Пакистан дошло до рушење на покривите и ѕидовите на куќите, при што загинале најмалку седум лица.