свет

Австралија нема да праќа поморски сили кон Ормускиот Теснец

„Ние во оваа земја сме добро подготвени да се соочиме со економската криза што се појави како резултат на случувањата на Блискиот Исток , но немаме во план да пратиме брод“

Kanyshai Butun  | 16.03.2026 - Обновена : 16.03.2026
Австралија нема да праќа поморски сили кон Ормускиот Теснец

ИСТАНБУЛ (АА) – Австралиската министерка за транспорт Кетрин Кинг денес изјави дека нејзината земја нема да праќа поморски сили кон Ормускиот Теснец, објави националното радио Еј-би-си, пренесува Анадолу.

Одговарајќи на прашањето на Еј-би-си дали Соединетите Американски Држави побарале австралиска поморска поддршка, министерката Кинг изјави дека не е запознаена со такво барање.

„Тоа е нешто во кое ние не учествуваме. Не ми е познато дали воопшто постои такво барање“, истакна таа.

„Ние во оваа земја сме добро подготвени да се соочиме со економската криза што се појави како резултат на случувањата на Блискиот Исток , но немаме во план да пратиме брод“, истакна таа.

Нејзините изјави доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сојузниците да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, клучна глобална маршрута на поморски сообраќај, низ кој минува значителен дел од светската нафта, што го прави овој регион од клучно значење за меѓународните енергетски пазари.

Ормускиот Теснец се најде во центарот на загриженоста на енергетските пазари откако Корпусот на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) прогласи затворање на преминот за повеќето пловила во услови на американско-израелските напади врз земјата, кои започнаа на 28 февруари.

Пред почетокот на војната низ теснецот дневно поминуваа околу 20 милиони барели нафта. Прекинот на овој сообраќај предизвика пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Во американско-израелските напади врз Иран досега се убиени 1.300 лица , меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои се стационирани американски воени бази.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.