Sibel Morrow
26 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) - Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа денес поради неочекуваното зголемување на резервите на сировата нафта во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“ утринава изнесуваше 90,97 долари за барел, со пад на цената од 0,84 отсто.
Референтната вредност на американскиот нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) се тргуваше за 84,79 долари за барел, по падот на цената на нафтата за скромни 0,62 отсто.
Американскиот институт за нафта (API) синоќа објави проценка за раст на резервите на сировата нафта во САД за повеќе од 4,5 милиони барели.
Зголемувањето на резервите за повеќе од очекуваното сигнализира пад на побарувачката на сирова нафта и предизвика пад на цените.
Сепак, загриженоста на инвеститорите за падот на понудата не дозволува значителен пад на цената на нафтата во моментот кога земјите-членки на Европската унија (ЕУ) се подготвуваат да го санкционираат рускиот извоз на нафта како одговор на нападот на руските сили врз Украина.
Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол во вчера изјави дека на светскиот пазар сè уште му е потребна руската нафта и покрај ограничувањето на цената и одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да пушти уште 15 милиони барели нафта на пазарот.