Hakan Çopur
18 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД), како последица на зараза со новиот тип коронавирус починаа 108 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ покажуваат дека во САД продолжува да расте бројот на заразените и починатите како последица на заразата.
Последните ревидирани информации од синоќа покажуваат дека во САД бројот на починати е зголемен за 20 и изнесува 108, додека заразени се 6.362.
Во Вашингтон, сојузната држава во која вирусот за првпат се појави во САД, потврдени се 55 смртни случаи. Во Њујорк се потврдени 12, како и во Калифорнија.
Низ САД започна поделбата на тестовите за коронавирус, а во последните два дена забележано е значајно зголемување на бројот на заразените.