Ekipa
17 Ноември 2022•Ажурирај: 18 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Северна Кореја им се закани на Соединетите Американски Држави (САД) со „пожестока воена контраакција“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон Хуи, жестоко изреагира за неодамнешната средба на лидерите на САД, Јапонија и Јужна Кореја во Камбоџа, велејќи дека тоа на крајот ќе резултира со влегување на Корејскиот Полуостров во една непредвидлива фаза.
„Сериозно предупредување е фактот што САД, Јапонија и Јужна Кореја одржаа трипартиски самит пред неколку дена на кој говореа за понуда за продолжено одвраќање и силна и решителна контраакција“, истакна Чое Сон Хуи, предупредувајќи дека легитимна и оправдана би била воената контраакција на Северна Кореја, поттикната од воените вежби за агресија, кои ги нарече провокација.
Американскиот претседател Џо Бајден, јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се состанаа во главниот град на Камбоџа, Пном Пен, на маргините на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) викендот.
Чо ги обвини САД и нивните сојузници дека организираат големи воени вежби едноподруго, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до поголема нестабилност за Вашингтон и неговите сојузници.
„Тие не успеаја да ја задржат огромната контрареакција на КНДР (Северна Кореја); напротив, тоа резултира со зголемување на нивната безбедносна криза“, додава министерот.
Тензиите на Корејскиот Полуостров дополнително се зголемија по неодамнешните заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД, како и севернокорејските тестирања на ракети.