Oktaj Omeragikj
23 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 6.629.523 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 644.088.868 лица, а оздравеа 623.019.252 лица претходно позитивни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-порталот „Worldometers“, кој секојдневно ги ажурира информациите поврзани со случаите на коронавирус во светот, објави дека Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 100.279.698 случаи на заразување со Ковид-19.
По САД, меѓу земјите со над 5 милиони заразени со Ковид-19 се Индија со 44.671.119, Франција со 37.442.946, Германија со 36.280.371, Бразил со 35.094.130, Јужна Кореја со 26.725.053, Јапонија со 24.068.806, Италија со 24.031.538, Велика Британија со 23.977.637, Русија со 21.550.982, Турција со 17.005.537, Шпанија со 13.573.721, Виетнам со 11.512.138, Австралија со 10.567.948, Аргентина со 9.723.924, Холандија со 8.536.849, Тајван со 8.210.955, Иран со 7.559.416, Мексико со 7.125.098, Индонезија со 6.627.538, Полска со 6.349.973, Колумбија со 6.312.657, Португалија со 5.537.108, Австрија со 5.524.683, Украина со 5.329.536 и Грција со 5.306.482.
Најголем број смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус во светот е регистриран во САД, вкупно 1.103.355.
Меѓу земјите со над 100.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот се Бразил со 689.223, Индија со 530.596, Русија со 391.622, Мексико со 330.495, Перу со 217.287, Велика Британија со 196.241, Италија со 180.518, Индонезија со 159.524, Франција со 158.427, Германија со 156.951, Иран со 144.630, Колумбија со 141.881, Аргентина со 130.017, Полска со 118.292, Шпанија со 115.641, Украина со 110.403, Јужноафриканска Република со 102.395 и Туркије со 101.400.
Според бројот на оздравени, САД повторно се први на листата со 97.841.752 лица кои ја надминале заразата со коронавирусот.
По САД, меѓу земјите во кои оздравеле над 5 милиони лица позитивни на коронавирусот се Индија со 44.133.433, Франција со 36.690.174, Германија со 35.556.100, Бразил со 34.175.672, Јужна Кореја со 25.771.453, Велика Британија со 23.707.409, Италија со 23.398.125, Русија со 20.961.317, Јапонија со 20.631.649, Шпанија со 13.357.848, Виетнам со 10.607.166, Австралија со 10.364.130, Аргентина со 9.588.858, Холандија со 8.478.286, Тајван со 7.796.035, Иран со 7.334.874, Индонезија со 6.403.551, Мексико со 6.395.151, Колумбија со 6.139.728, Португалија со 5.491.346, Австрија со 5.464.710, Полска со 5.335.940, Грција со 5.248.374 и Украина со 5.202.229.