Burak Bir
23 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Европскиот парламент денеска ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на пленарната седница во Стразбур, европратениците гласаа за резолуција со која Русија се нарекува „држава спонзор на тероризмот“.
За одлуката гласаа вкупно 494 европратеници, против беа 58, додека 44 беа воздржани.
„Во својата војна против Украина, руската војска ги интензивира нападите врз цивилните цели, меѓу кои и врз енергетската инфраструктура, болниците, медицинските установи, училиштата и засолништата - прекршувајќи го меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во процесот“, наведено е од Европскиот парламент.
Во меѓувреме, со прогласувањето на Русија како држава спонзор на тероризмот, европратениците сакаат да подготват терен за претседателот Владимир Путин и неговата Влада да одговараат за овие злосторства пред Меѓународниот трибунал.