Kasım İleri
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Генералот Марк Мили, началникот на Генералштабот на Соединетите Американски Држави (САД), на состанокот со генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија, се тврди дека побарал користење на руски бази во близина на границата за операциите во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако САД се повлекоа од Авганистан побараа бази од многу земји во близина на Авганистан, особено од Пакистан, за своите антитерористички операции во оваа земја, но сè уште не најдоа земја која ќе им дозволи да ги користат нејзините бази во регионот.
Генералштабот на САД соопшти дека генералот Мили се сретнал со својот руски колега Герасимов во Хелсинки каде што разговарале за повеќе прашања, со акцент на процесот на повлекување од Авганистан.
Деталите за состанокот, кои не се споделени во соопштението, објавени се во весникот „Вол стрит журнал“.
Одредени американски официјални претставници, кои не сакаа да бидат именувани, во изјава за весникот велат дека генералот Мили го пренел барањето на Советот за национална безбедност на Белата куќа до генералот Герасимов во Хелсинки, за да го пренесе на рускиот претседател Владимир Путин.
Официјалните претставници истакнуваат дека Герасимов не дал никакви ветувања во однос на ова прашање. Путин за време на неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден на 16 јуни истакнал дека тие можат да бидат домаќини на американски војници во руските бази. Понудата на Мили се базира на оваа средба.
Генералштабот на САД и Министерството за одбрана не дадоа официјално соопштение за ова прашање.
Според законот, на САД им е забранета воена соработка со Русија.