Esin Eşkinat Sayılgan
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Ураганот Ида, една од најголемите бури што ги има погодено Соединетите Американски Држави (САД), предизвика големи штети и вистинска катастрофа во американската сојузна држава Луизијана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат американските медиуми, пет дена по ураганот Ида, над 800.000 домаќинства во сојузната држава Луизијана и понатаму се без електрична енергија, додека голем број граѓани чекаат во редови за да купат храна и бензин.
Некои супермаркети продаваа ограничен број основни продукти, како вода, млеко и леб.
Најмалку 45 луѓе загинаа во Њујорк и Њу Џерси поради обилните врнежи и поплавите предизвикани од ураганот Ида во североисточните делови на САД.
Ураганот Ида, откако ја погоди јужната сојузна држава Луизијана, донесе и рекордни количини врнежи во подрачјето на сојузните држави Њујорк и Њу Џерси.