Kasım İleri
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американскиот Стејт департмент, Ентони Блинкен, изјави дека тесно соработуваат со Катар и Турција за што поскоро отворање на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен одржа прес-конференција во седиштето на Стејт департментот, на која говореше за Авганистан.
Наведувајќи дека американската мисија во Авганистан продолжува со работа од Доха, главниот град на Катар, Блинкен напомена дека викендов ќе ја посети Доха и ќе се сретне со Авганистанците кои се евакуирани таму.
Блинкен наведе дека по Доха ќе замине во Берлин, главниот град на Германија, каде што ќе одржи состанок со министрите за надворешни работи на 20 земји на тема Авганистан.
Истакнувајќи го и тоа дека се во контакт со талибанците во врска со американските граѓани кои сè уште престојуваат во Авганистан, Блинкен изјави дека е важно талибанците да го исполнат ветувањето дека ќе го дозволат заминувањето на оние што сакаат да ја напуштат земјата.
„Ние имаме блиска соработка со нашите партнери Катар и Турција за да го подигнеме главниот град на нозе и што поскоро да го отвориме аеродромот во Кабул“, рече Блинкен.
Наведувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат да пружаат хуманитарна помош за населението во Авганистан и покрај санкциите против талибанците, Блинкен рече: „Оваа помош ќе оди преку независни организации, а не преку владата.“