Betül Yürük
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации ќе бидат домаќин на конференцијата на министерско ниво за хуманитарна помош за Авганистан следниот месец во Женева, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе отпатува во Женева за да присуствува на состанокот закажан за 13 септември, истакна портпаролот Стефан Дужарик.
На ОН им се потребни 1,3 милијарди долари за да ги продолжат хуманитарните активности во Авганистан, а собрани се само 39 отсто од тој износ.
На 38 милиони луѓе во Авганистан им е потребна помош, а ОН предупредија на ризикот од хуманитарна катастрофа во земјата.