свет

САД планирале киднапирање на основачот на Викиликс, Асанж, од Лондон

За „опциите“ за тоа што да се прави со Асанж, меѓу кои и атентат и киднапирање, се разговарало на средба со високи претставници на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп

Kasım İleri  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
САД планирале киднапирање на основачот на Викиликс, Асанж, од Лондон

ВАШИНГТОН (АА) - Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) наводно на Белата куќа ги претставила своите планови за киднапирање или убиство на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој се засолни во Амбасадата на Еквадор во Лондон во 2017 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста на „Јаху њуз“ која се базира на интервјуа со над 30 поранешни американски службеници, се истакнува дека наводно ЦИА се налутила кога Викиликс објавил илјадници документи во 2017 година, познати како „Ваулт 7“, во кои се детализирани техниките на хакирање и тајните следења на ЦИА.

Во вестите се наведува дека тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, кој подоцна стана државен секретар, бил решен да му се одмазди на Асанж.

За „опциите“ за тоа што да се прави со Асанж, меѓу кои и атентат и киднапирање, се разговарало на средба со високи претставници на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Исто така, во веста се вели дека Русија планирала Асанж да го киднапира од Лондон и да го пренесе во Москва.

Во истражувачката вест се нагласува дека во можните сценарија за да се спречи евентуалното бегство на Асанж вклучени се неколку насилни планови за акција како што се престрелка со руски агенти на улиците во Лондон, судар со автомобилот во кој требало да биде киднапиран Асанж и уништување на тркалата на рускиот авион.

Асанж се соочи со обвиненија поврзани со објавување илјадници доверливи документи на американски дипломати преку Викиликс.

Џулијан Асанж, кој живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, беше уапсен од Велика Британија во април 2019 година, откако Еквадор ја повлече својата заштита. Асанж, чиј судски процес продолжува, сè уште се наоѓа во затворот „Белмарш“ во Лондон.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.