İdris Sülün
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Северна Кореја во раните утрински часови тестираше ракета со краток дострел од источниот брег кон морето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Би-би-би (BBC), јужнокорејската Армија соопштува дека Северна Кореја тестирала ракета со краток дострел.
Ракетното тестирање е реализирано откако претставникот на Северна Кореја во Обединетите нации (ОН) изјави дека никој не може да го ускрати правото на неговата земја за самоодбрана и тестирање оружје.
Администрацијата на Пјонгјанг тестираше и балистички ракети на почетокот на овој месец.
Од друга страна, пред неколку дена Северна Кореја изрази подготвеност за средба со Јужна Кореја.
Во соопштението од американската Армија се наведува дека се запознаени за ракетното тестирање и дека тоа не претставува непосредна закана за американскиот воен персонал или сојузниците.