Alma Çekovic
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
СПА-ФРАНКОШАМПС (АА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон (32), славеше во трката за Големата награда на Белгија на патеката во Спа-Франкошампс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британецот започна од првата позиција и за време на целата трка беше во предност пред Себастијан Фетел од Ферари. Германскиот возач на крајот го освои второто место, а трет беше Даниел Риккардо од Ред Бул.
Во генералниот пласман Фетел имаше 220 поени, а Хамилтон 213.
Британскиот возач Луис Хамилтон вчера го изедначи рекордот на Формула 1 по бројот на освоени пол позиции во квалификациите за Големата награда на Белгија.
Хамилтон на патеката Спа-Франкошампс стигна на 68. пол позиција, со што се изедначи со легендарниот германски возач Михаел Шумахер.
Следната трка на програмата е за седум дена во Монца на Големата награда на Италија.