Zlatan Kapic
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен, според наводите на тамошните медиуми, договори трансфер на Килијан Мбапе од Монако, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француските медиуми објавија дека за 18-годишниот напаѓач, ПСЖ покрај бонусите исплатил 180 милиони евра. Така, најавениот трансфер станува вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот, откако ПСЖ на Барселона ѝ исплати 222 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар.
Мбапе денес во Париз треба да помине лекарски преглед, а за овој играч во преодниот период покажаа интерес голем број големи европски клубови.