Dejan Maksimovic
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
НАПОЛИ (АА) - Шпанскиот голман Пепе Реина изрази желба да се пресели во Пари Сен Жермен, но проблемот е во тоа што Наполи мора да најде соодветна замена, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанските медиуми јавија дека ПСЖ му понуди на Наполи седум милиони евра, а на Реина двегодишен договор во вредност од 3,5 милиони евра, со можност за продолжување на соработката за уште 12 месеци.
Неговиот договор со Наполи истекува следното лето, а добро информирани извори од клубот тврдат дека нема да му биде понуден нов. Со оглед на тоа што искусниот Шпанец на 31 август ќе наполни 35 години, јасно е зошто сака да се пресели во Париз.
Реина ја започна својата кариера во третиот тим на Барселона за преку вториот да стигне во најсилната постава на каталонскиот клуб, за кој играше 49 пати. Тој потоа бранеше за Вилјареал, Ливерпул, Баерн Минхен и сега за Наполи. На голот на репрезентацијата на Шпанија играше 35 натпревари.