Barış Seçkin
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
РИМ (АА) - Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, беше прогласен за најдобар тренер во Серија А за минатата сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Со гласовите на тренерите од Серија А и Серија Б беа избрани трите најдобри тренери во сезоната 2015 – 2016.
Сари (58) со 25 од можните 61 глас е избран за тренер на годината во Италија, а втор беше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, со три гласа помалку.
На третото место за најдобар тренер во Серија А се најде тренерот Сасуоло Еузебио Ди Франческо.
Како за потсетување, една година претходно, за тренер на годината во Италија беше избран Алегри.
Сари минатата сезона го презеде Наполи, а на крајот од сезоната беше втор во генералниот пласман.
Тренерот на Наполи ја прими наградата од претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Карло Taвечиа.
„Ова не значи дека Наполи води 1 : 0 против Јувентус. Резултатите и поените се поважни од наградата. Но убаво е барем еднаш да се победи Масимилијано“, се пошегува Сари за време на говорот при доделувањето на наградите.
За првпат во историјата, тренер на Наполи од Серијата А ја освојува оваа награда.
Сари во својата кариера ги водеше Стиа, Каврилја, Антела, Валдемо, Теголето, Сансовино, Санџованезе, Пескара, Арецо, Авелино, Верона, Перуџа, Гросето, Александрија, Соренто, Емполи и Наполи.