Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалер Диего Коста го повреди коленото на неделниот тренинг на репрезентацијата, но тестовите потврдија дека не се работи за сериозна повреда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанската фудбалска федерација објави дека лекарите ќе продолжат да ја следат повредата на Коста и дека напаѓачот на Челзи ќе остане во националниот тим за време на пријателскиот натпревар со Франција, кој е закажан за вторник во Сен Дени.
Коста ги направи сите потребни испитувања откако го напушти тренингот.
Тој во петокот беше стрелец во натпреварот на Шпанија против Израел (4:1), во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
По пет одиграни натпревари, Шпанија е во првата група Г со 13 бода, колку што има второпласираната Италија.