Dejan Maksimovic
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
МАДРИД
Диего Коста, фудбалер на Атлетико Мадрид, е осуден на шестмесечна затворска казна поради затајување данок во Шпанија. Меѓутоа, како што наведуваат шпанските медиуми, Коста нема да оди зад решетки, бидејќи се согласил да плати парична казна во согласност со неговиот престап, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Затворската казна е заменета со парична во траење од 12 месеци, според која играчот ќе мора да плаќа 100 евра дневно, што вкупно изнесува околу 36.000 евра.
Одлуката е потврдена денеска (четврток) на судот во Мадрид, каде што 31-годишниот Диего ја признал вината за измама на државата во износ од 1,1 милион евра, така што не ја пријавил исплатата поголема од 5,15 милиони евра за неговиот премин во Челси.
Коста пред неколку месеци во државната благајна веќе врати 1,1 милион евра кои ги затаил за време на финансиската 2014 година.
Даночната управа на Шпанија исто така истакна дека Коста не го платил во потполност договорот за огласување кој го потпишал со „Адидас“, во вредност од 800.000 евра, а се однесува на неговите права на имиџот.