Serhat Bağbars
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Управата на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид претстави две засилувања, Диего Коста и Виктор Мачин Перес (Витоло), пренесува Anadolu Agency (AA).
Повратниците во редовите на популарните „јорганџии“, Коста и Витоло претходно потпишаа договори за трансфер во Атлетико Мадрид, но не можеа да настапуваат бидејќи ФИФА забрани трансфери на тимот од „Висенте Калдерон“ до 1 јануари 2018 година.
Еден ден пред истекот на забраната на ФИФА, управата на Атлетико Мадрид на Twitter (Твитер) објави порака за добредојде за двајцата шпански репрезентативци.
„Од срце сум благодарен на управата на клубот која вложи голем напор да ме врати во своите редови“, изјави Диего Коста, кој ќе носи дрес со бројот 18.
И Витоло порача дека е среќен поради доаѓањето во еден од најдобрите европски фудбалски клубови. Тој во продолжението на сезоната ќе носи црвено-бел дрес со бројот 23.