Şenhan Bolelli
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Клубот од шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Атлетико Мадрид, го продолжи договорот со аргентискиот тренер Диего Симеоне до 30 јуни 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението објавено на интернет-страницата на клубот, со 47-годишниот Симеоне е потпишан договор до 2020 година.
Симеоне, кој од 2011 година е на функцијата тренер на клубот, со овој шпански клуб го освои трофејот во Ла Лига, Шпанскиот кралски куп, Европската лига на УЕФА, Суперкупот на УЕФА, и на Суперкупот на Шпанија.
Атлетико Мадрид во сезоната 2013 – 2014 и во 2015 – 2016 стигна до финалето од Лигата на шампиоите на УЕФА, под водство на Симеоне, но во двата натпревара беше поразен од Реал Мадрид.