Sercan Küçükşahin
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
КАЈСЕРИ (АА) - Турската општина Кајсери инвестираше 350 милиони евра за изградба на ски-центарот Ерџијес кој ги исполнува сите меѓународни стандарди и денеска е светлечка ѕвезда на турскиот зимски туризам, јавува Anadolu Agency (AA).
По изгласувањето на новиот закон за општини во Турција во 2005 година, планината Ерџијес потпадна под општината Кајсери, која започна проект за изградба на туристички центар за зимски спортови Ерџијес. Во рамките на проектот беа консултирани светски реномирани австриски фирми околу начинот на организирањето на ски-центарот.

Близината до Кападокија, лесниот пристап, должината на патеките, големиот број ски-лифтови, професионалниот однос на раководството и пристапните цени со секој изминат ден привлекуваат сѐ поголем број љубители на зимските спортови на планината Ерџијес. Покрај можностите кои им се нудат на љубителите на скијањето, овој зимски центар стана омилено место и на оние кои сакаат да се одморат на планина, со чист воздух богат со кислород.
Ски-центарот има модерни ски-лифтови и жичара кои се последен збор на технологијата, а се протегаат на површина од 25 квадратни километри. Мрежата од 18 ски-лифтови, од кои две гондоли, со вкупна должина од 21,3 километри, имаат капацитет за транспорт на 25.500 лица на час и на гостите им пружаат различни можности за скијање на многу различни точки од планината.

Вкупната должина на 34-те патеки на падните на Ерџијес изнесува 102 километри. Зимскиот центар Ерџијес е лидер во Турција по ова прашање и со своите ски-патеки им нуди задоволство во скијањето и на почетниците и на професионалците.
Сите патеки се меѓусебно поврзани, имаат различни степени на тежина (црна, црвена, сина) и на љубителите на скијањето им овозможуваат скијање по патеки во должина од 2.200 до 3.400 метри.
Овој ски-центар има 154 машини за вештачки снег на површина од два квадратни километри. И покрај геоположбата на Турција, во овој модерен ски-центар сезоната започнува многу порано од многу други ски-центри кои се наоѓаат во северните земји. На планината е формирано и вештачко езеро со 235.000 кубни метри вода, кое претставува природен извор на вода за машините за снег.
- Погодности благодарение на лесниот пристап и поволните цени -
Компанијата „Ерџијес АШ“ е дел од структурата на општината Кајсери. Оваа компанија поседува професионален систем на раководење и со својот ангажман на своите гости им нуди повеќе предности.
Сезонските билети за ученици чинат 400 лири (89 евра), за возрасни 500 лири (110 евра). Дневниот билет за ученици изнесува 55 лири (12 евра), додека за возрасни дневнот билет чини 70 лири (15,5 евра).

За разлика од центрите за скијање во Австрија и Швајцарија кои се наоѓаат далеку од градските центри, минувајќи само 25 километри љубителите на скијањето пристигнуваат во ски-центарот Ерџијес.
Турските и странските туристи, авионски од Истанбул пристигнуваат во Кајсери за само еден час. А за половина час, љубителите на зимските спортови се во ски-центарот Ерџијес. Овој ски-центар се наоѓа на само 1 час патување од турската туристичка атракција Кападокија, која со своето културно наследство и природни убавини го привлекува вниманието на туристите и е дестинација која не може да се заобиколи.
Ски-центарот Ерџијес има хотелски капацитети, меѓу кои се наоѓаат и брендирани хотели, со капацитет за околу 1.500 лица.
Ски-центарот Ерџијес има три различни точки за пристап и ги задоволува сите потреби на гостите со своите здравствени центри, продавници за продавање и изнајмување ски-опрема, кафулиња, ресторани, простории за мајки со бебиња, детски игралишта, сѐ што ќе им овозможи лукуз на гостите и ќе ги задоволи нивните потреби.

Ски-центарот Ерџијес ги исполнува сите меѓународни стандарди за организирање на меѓународни спортски активности. Во последните три години, Ерџијес е домаќин на Европскиот куп за сноуборд на Светската скијачка федерација (ФИС), а две години е домаќин на Светскиот куп за сноуборд на ФИС.
За првпат во светот, на скијачките патеки во скијачкиот центар Ерџијес е задолжително користење на кациги за скијање, како превентива за безбедноста на скијачите.