Sinan Uslu
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили првиот ден од 2018 година фатиле 1.632 лица кои се обиделе по илегален пат да ја преминат турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека припадниците на копнените сили фатиле 1.586 лица од Сирија, петмина од Грција и две лица од Иран кои се обиделе илегално да влезат во земјата.
Исто така, во обид илегално да ја напуштат Турција, на границата со Грција фатени се 64 лица, односно пет на границата со Сирија.
На границата со Иран запленети се 12.780 кутии цигари.