Faruk Zorlu
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили вчера запленија над 80 килограми хашиш за време на одвоени акции во централниот дел на земјата, потврди извор од полицијата, јавува Andolu Agency (AA).
Акцијата е покрената откако полицискиот тим за борба против наркотици во Анкара, примил анонимнa дојава за дистрибуција на дрога.
Полицијата потоа го следеше осомничениот и спроведе акција против дилерите.
Осомничениот е приведен додека се обидувал да побегнe од местото. Во акцијата, според изворот од полицијата кој сакаше да остане анонимен, запленети се околу 80 килограми хашиш.
Во одвоена акција на полицијата во Кајсери запрен е автобус и во него се пронајдени 2,8 килограми дрога кај жена, која пакетчињата со дрога ги носела на себе. Жената е приведена.