Şenhan Bolelli
24 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
МАДРИД (AA) – Дисциплинската комисија на УЕФА одреди парични казни за клубовите Барселона и Наполи во Лигата на шампионите, и на Ростов и Сент-Етјен во Европа лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Етичката и дисциплинската комисија на УЕФА претходно покрена постапка против шпанскиот клуб Барселона, во врска со нередите на реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Париз Сен-Жермен.
Каталонскиот клуб поради нередите на навивачите е казнет со 19.000 евра.
Исто така поради нередите на навивачите на трибините на средбата против Реал Мадрид изречена е казна и за екипата на Наполи, а италијанскиот клуб ќе мора да плати 38.000 евра. На Наполи му е изречена казна, меѓу другото, бидејќи навивачите со ласери ги попречувале играчите на противничкиот тим, ги блокирале излезните скали на трибините и палеле факели.
Кога е во прашање Европа лигата, рускиот клуб Ростов е казнет поради нередот на натпреварот против Спарта од Прага, и тоа со парична казна од 16.000 евра, а најголемата казна стаса на адреса на францускиот Сент-Етјен, поради нередите на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Овој клуб е должен да плати казна од 50.000 евра.