Dejan Maksimoviç
23 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
НЕАПОЛ (АА) - Карло Анчелоти, актуелен тренер на Наполи, за италијанските медиуми откри дека Реал Мадрид го напуштил поради кавгата со претседателот на клубот, Флорентино Перез, околу егоистичкиот став на Герет Бејл, пренесува Anadolu Agency (AA).
Анчелоти, зборувајќи за стилот на играта на фудбалерите, го изјави следното:
„Несебичноста во екипата е многу важна, бидејќи ако постои нешто што ме излудува, тогаш тоа се луѓе кои се егоистични во одредени моменти од натпреварот. Тоа се моменти кога играчот треба да ја додаде топката, а не го прави тоа. Поради тие моменти на играчите, го платив цехот во мојата кариера“, рече Анчелоти (59) за италијанскиот медиум „Il Napolista“.
„Причината поради која Перез експлодира во Мадрид беше мојата замена на Бејл против Валенсија. Бејл требаше да му додаде на Карим Бензема, кој ќе постигнеше погодок, бидејќи беше пред празен гол, но наместо тоа, тој шутираше. Го извадив Бејл од игра и настапи хаос. Можеби не претерана несебичност, потребна е доза на егоизам, но не претерана.“
Анчелоти смета дека тимот на Наполи не постигнува доволно погодоци поради несебичноста и смета дека во тоа не треба да се претерува, додавајќи „Ова што ќе го кажам ќе звучи лошо, но кога Наполи во нападот би бил малку поегоистичен, можеби би имале повеќе корист од тоа.“
Анчелоти, по извонредната играчка кариера, стана уште подобар тренер. Меѓу останатото, тој освои три титули на Лигата на шампиони, две со Милан и една со Реал. Беше првак на Германија, Италија, Англија и Франција. Во својата тренерска кариера ги водеше Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, Пари Сен Жермен, Реал Мдрид, Баерн и сега Наполи.