Dejan Maksimoviç
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, пред големото дерби на англиската Премиер лига в недела против Манчестер Јунајтед, изјави дека отсекогаш му се восхитувал на Сер Алекс Фергусон, кој на клупата на клубот од Олд Трафорд седи 26 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Клоп в недела пристигнува на Олд трафорд со намера да освои бодови, бидејќи сака со Ливерпул да ја продолжи трката за шампионската титула, прва по 1990 година. За Фергусон пред дербито во Манчестер зборуваше со избрани зборови.
„Тој е еден од најголемите, ако не и најголемиот во светскиот фудбал. Тоа може да се каже поради сето она што го постигна. Каде почна, од каде дојде и што направи со клубот. Сето тоа. Тое е неверојатно“, искрен е Клоп, и додаде:
„Како на млад тренер, каков што бев пред неколку години, не ви е дозволено да се споредувате или да размислувате за она што тој го работи и да го споредите со она што вие го работите. Тоа е потполно друг свет, потполно друга работа. Отсекогаш му се восхитував. Лесно е да се зборува од оваа дистанца. Не сум сигурен како би изгледало да сум во Ливерпул 20 години и секогаш да имам ваква борба со Јунајтед. Тогаш можеби би било поинаку, бидејќи тој е многу натпреварувачки настроен тип и зборуваше сешто пред натпреварот со Ливерпул.“
Но и покрај големото ривалство меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, двата најтрофејни англиски клуба, Клоп смета дека Фергусон го цени она што тој го работи во Ливерпул.
„Прилично сум сигурен дека, кога беше менаџер на Јунајтед, не посакувал Ливерпул да биде успешен. Можеби тој тоа и сега не го посакува, но таквото размислување веќе не е толку силно, бидејќи неколкупати рече, тоа го имам чуено, дека му се допаѓа она што го работам“, истакна Клоп за британските медиуми.
„„Црвените“ во дербито влегуваат од втора позиција и 14 поени предност пред Манчестер Јунајтед кој е на четвртата позиција. Двата најтрофејни англиски клуба досега во сите натпреварувања се имаат сретнато 201 пат. Јунајтед е подобар, бидејќи има однос од 80 победи наспроти 66 на Ливерпул. Со реми завршија 55 дерби натпревари. Првото дерби е одиграно на 12 октомври 1895 година на Енфилд, а победа славеше Ливерпул, со резултат 7:1.
Неделнотото дерби, кое ќе се одигра на Олд трафорд со почеток во 15:05 часот, многу е важно за двата тима. Ливерпул ја посакува шампионската титула на Англија, првпат по 1990 година, додека Јунајтед сака да се зацврсти меѓу првите четири клуба на табелата, што ќе му овозможи настап во Лигата на шампиони следната сезона. Двата клуба заедно освоија 38 титули Шампион на Англија. Манчестер освои 20 титули, а на Ливерпул тоа му успеа 18 пати.