Dejan Maksimoviç
23 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) - Насер ал Хелаифи, претседателот на францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), на тврдењата на медиумите дека мора да го продаде Нејмар или Килијан Мбапе за да ги задоволи прописите на финансискиот фер-плеј, одговори дека тоа нема да се случи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тие ќе останат во ПСЖ, и тоа не 100, туку 2.000 отсто“, јасно потенцираше Ал Хелаифи во француските медиуми, и додаде:
„Многу медиуми, особено во Франција, тврдат дека би требало да биде продаден Нејмар или Мбапе. Би сакал да потврдам дека тие ќе останат тука. Се разбира дека сакаме уште да купуваме во рамките на финансискиот фер-плеј. Сигурни сме, имаме средства за тоа.“
Нејмар моментално е во Бразил каде што се обидува да ја санира повредата на метатарзалната коска на десното стапало, додека Мбапе ја презеде улогата на главен напаѓач на ПСЖ, бидејќи е повреден и Едилсон Кавани.
ПСЖ е убедливо прв на табелата на француската Лига 1 со 65 бода, 14 повеќе од второпласираниот Лил, кој има и два натпревари повеќе. Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, „принцевите“ на „Олд Трафорд“ го совладаа Манчестер Јунајтед со 0:2 и имаат реални шанси да се пласираат во четвртфиналето на ова најпрестижно европско клупско натпреварување во фудбал.