Fatih Erel
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - По последните натпревари во првите пет европски фудбалски лиги, Манчестер сити, Барселона, Јувентус, Борусија Дортмунд и ПСЖ се на врвот во своите лиги, пишува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, лидерот на табелата, Манчестер сити, го победи Барнли со 5 : 0 и постигна 23 поени.
Имајќи ги истите поени со лидерот на табелата, Ливерпул го победи Хадерсфилд таун со резултат 1 : 0 во натпреварот одигран на гости, додека Челзи играше нерешено со Манчестер јунајтед 2 : 2.
Во шпанската Ла Лига, Барселона ја победи Севиља со 4 : 2 и повторно ја освои позицијата на врвот со 18 поени.
Играчот на Барселона, Лионел Меси, се здоби со фрактура на радијалната коска на десната рака за време на натпреварот и тој ќе биде надвор од теренот три недели.
Меси ќе го испушти и натпреварот со Реал Мадрид следната недела.
Реал Мадрид беше поразен од Леванте со 1 : 2, и изгуби 3 од последните четири натпревари.
Во италијанската серија А, Јувентус одигра нерешено со Џенова.
Водејќи во лигата со 25 поени, Јувентус го следат Наполи и Интер со 21, односно 19 поени.
Во германската Бундеслига, лидерот Борусија Дортмунд го совлада Штутгарт со резултат 4 : 0, додека шампионот Баерн Минхен го совлада Волфсбург со 3 : 1 на гостинскиот натпревар.
Во француската Лига 1, лидерот ПСЖ го победи Амиен со 5 : 0.