спорт

Реал Мадрид му го позајми на Баерн Алваро Одриозола

„Одриозола е квалитетен играч и уверени сме дека тој ќе му помогне на нашиот тим. Мило ми е што го донесовме“, рече Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн

Bakır Tıro  | 22.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Реал Мадрид му го позајми на Баерн Алваро Одриозола

МИНХЕН (АА) - Алваро Одриозола (24) е новиот фудбалер на Баерн од Минхен, потврдено е од германскиот шампион, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпанскиот десен бек, според потпишаниот договор, во Баерн пристигнува на шестмесечна позајмица од Реал Мадрид.

„Одриозола е квалитетен играч и уверени сме дека тој ќе му помогне на нашиот тим. Мило ми е што го донесовме“, рече Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.

Одриозола се појави во Реал Сосиедад. Тој има договор со Реал Мадрид од летото 2018 година.

Во Баерн доаѓа затоа што немаше адекватна минутажа во „кралскиот клуб“, за кој оваа сезона има одиграно четири натпревари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.