Şenhan Bolelli
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
МАДРИД (AA) – Фудбалерите на Реал Мадрид денеска добија нови модели на Ауди автомобилите кои во согласност со спонзорскиот договор ќе ги користи во наредната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Свеченото примопредавање на клучевите на новите возила на Ауди приредено е во забавниот картинг центар Карлос Саинз во Мадрид, а фудбалерите на Реал во таа прилика се натпреваруваа во трка во картинг.
Победникот во трката беше Серхио Рамос, а вниманието на јавноста го привлече тоа што sвездите Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Герет Бејл не учествува во трката. Наводно, не сакале да ризикуваат бидејќи имаат полесни повреди.
Повеќето играчи на Реал, во наредните 12 месеци ќе возат Ауди Q7, додека капитенот на тимот, Рамос, ќе го вози најскапиот модел, Ауди С8 Плус 4.0, кој во продажбата чини 160.000 евра.
Тренерот Зинедин Зидан, како и играчите Роналдо, Бензема и Данило го избраа Ауди РС 6 Перформанс 4.0 ТФСИ 605 СВ.
Поради тоа што произведувачот на автомобилот Ауди воедно е и спонзорот на лутиот ривал на Реал, Барселона, во јавноста во Шпанијавеќе се коментира како ривалитетот на овие великани се пресликал во борбата за престиж на паркинзите.
Вупната вредност на автомобилите кои Ауди ги даде на користење на играчите на Барселона изнесува 1,6 милиони евра, додека возниот парк на Ауди на Реаловиот паркинг е вреден 2,5 милиони евра.