Elena Teslova
03 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Русија го усвои новиот нацрт-закон којшто предвидува казна за спортистите што користат допинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новиот закон што помина во рускиот Парламент, на спортистите во Русија кои ќе користат допинг може да им биде изречена казна затвор или парича казна до милион руски рубљи (14,7 илјади евра).
Новиот закон е усвоен со цел да се зајакне антидопинг системот во оваа земја, кој во последните неколку години забележа голем број допинг скандали. Целта е исто така овој систем да се усклади со нормите на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
ВАДА оваа година приложи извештај во кој се наведува дека руските спортисти систематски земаат допинг, и бараше да им се оневозможи учеството на олимписките игри во Рио 2016 година.
Од 389 руски спортисти, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го одобри учеството на Олимпијадата во Рио за само 271, додека Параолимпискиот комитет (ИПЦ) не дозволи ниту еден руски спортист да учествува на олимпијадата.