Murat Keleş
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Тренерот на прволигашкиот клуб на Англија Арсенал, Арсен Венгер, за германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил рече дека, доколку остане подолго во клубот може да стане легенда како Денис Беркамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Месут Озил во 2013 премина од Реал Мадрид за 42 милиони фунти во англиската екипа Арсенал, а договорот од овој трансфер завршува во 2018 година. Клубот сака да го задржи успешниот играч од среден ред и се спрема да му понуди нов долгорочен договор.
Тренерот на клубот, Арсен Венгер во изјава за медиумите испрати порака до Озил, споредувајќи го со легендарниот тимски играч, Денис Беркамп.
Венгер потсети дека, Беркамп играше во клубот до својата 38 година и потенцира дека, доколку Озил се посвети на тимот, може да стане легенда како него. Тој додаде дека, сака 28 годишниот Озил да игра уште 10 години за клубот.
Вегнер, кој е веќе 20 години на чело на Арсенал, рече дека доколку некој сака да стане легенда, треба долго време да остане во еден клуб.
Месут Озил беше кандидиран за најдобар машки фудбалер на организираната компетиција на ФИФА 2016. Тој во оваа сезона со дресот на Арсенал играше на 13 натпревари во кои постигна 7 гола и имаше 3 асистенции.