Bakir Tiro
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, им се заблагодари на фудбалерите на бугарскиот фудбалски клуб Лудогорец кои синоќа со изненадувачко реми во Париз со ПСЖ (2 : 2) му овозможија на неговиот тим да го освои првото место во групата „А“ во Лигата на шампиони во Европа.
Тимот од Лондон славеше синоќа, на гостувањето во швајцарскиот град Базел, со 4 : 1, и така со ждрепката во осминафиналето на Лигата на шампионите в понеделник ќе биде меѓу носителите, односно во привилегирана позиција.
„Му благодарам на Лудогорец за големиот резултат, кој ни помогна да бидеме први во групата. Против Базел одигравме со голема самодоверба, трчање, и бевме убедливи. Ова е токму она што го сакавме“, рече Венгер, и како што јавува Anadolu Agency (AA), нагласи: „Без оглед на исходот од ждрепката в понеделник, амбициите на Арсенал се пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите“.