Mutlu Demirtaştan
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс во Американската кошаркарска НБА лига, Мајкл Џордан со својот приход од 1,7 милијарди долари е играч со најголема заработка на сите времиња, јавува Anadolu Agency (AA)
Според истражувањата на списанието „Форбс", Мајкл Џордан е на прво место на листата со најголема заработка во светот на спортот, благодарение на спонзорствата во својата кошаркарска кариера. Во својата 15 годишна кариера во НБА, во која освои 6 шампионати, Џордан заработи 93 милиони долари, додека останатата заработка ја стекна преку спонзорства.
Американскиот играч на голф Тајгер Вудс, кој има 14 големи турнирски шампионати во својата кариера, со заработка од 1,65 милјарди долари е на второ место на листата со најголема заработка во светот на спортот.
На трето место на оваа листа зазема место играчот на голф, американецот Арнолд Палмер, кој патем почина оваа година, со заработка од 1,35 милјарди долари.
На листата со најголема заработка стојат 20 имиња од кои 13 американци, додека пак жена спортист нема на истата.
Имињата на листата се со следниот редослед:
| Спортист | Држава | Спорт | Приход (долари) |
|---|
| 1 | Мајкл Џордан | САД | Кошарка | 1,7 милијарди |
|---|
| 2 | Тајгер Вудс | САД | Голф | 1,65 милијарди |
|---|
| 3 | Арнолд Палмер | САД | Голф | 1,35 милијарди |
|---|
| 4 | Џек Никлаус | САД | Голг | 1,15 милијарди |
|---|
| 5 | Мајкл Шумахер | Германија | Мото спортови | 1 милијарда |
|---|
| 6 | Коби Брајант | САД | Кошарка | 770 милиони |
|---|
| 7 | Флојд Мајватер | САД | Бокс | 765 милиони |
|---|
| 8 | Фил Микелсон | САД | Голф | 760 милиони |
|---|
| 9 | Дејвид Бекам | Англија | Фудбал | 730 милиони |
|---|
| 10 | Шекил Онил | САД | Кошарка | 700 милиони |
|---|
| 11 | Мајк Тајсон | САД | Бокс | 685 милиони |
|---|
| 12 | Грег Норман | Австралија | Голф | 680 милиони |
|---|
| 13 | Леброн Џејмс | САД | Кошарка | 640 милиони |
|---|
| 14 | Кристиано Роналдо | Португалија | Фудбал | 620 милиони |
|---|
| 15 | Роџер Федерер | Швајцарија | Тенис | 600 милиони |
|---|
| 16 | Алекс Родригез | САД | Безбол | 600 милиони |
|---|
| 17 | Лионел Меси | Аргентина | Фудбал | 520 милиони |
|---|
| 18 | Џеф Гордон | САД | Мото спортови | 515 милиони |
|---|
| 19 | Оскар Де Ла Хоја | САД | Бокс | 510 милиони |
|---|
| 20 | Мани Пакјао | Филипини | Бокс | 490 милиони |
|---|