Dejan Maksimoviç
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
БАРСЕЛОНА (AA) - Фудбалерите на Барселона синоќа, во последното коло од групата Ц од Лигата на шампионите, на „Ноу Камп“ ја декласираа екипата на Борусија Дортмунд Мехенгладбах со 4 : 0, а нивната одлична изведба ја гледаше Јургер Клоп, менаџерот на Ливерпул, во друштво со некои од првотимците на Ливерпул, јавува Anadolu Agency (AA).
Очигледно, Клоп и некои од играчите на Ливерпул одлучиле барем еден ден ладното време во својот град да го заменат за малку подобри временски услови во Барселона и да уживаат во одличен фубдал.
Освен Клоп, на трибините на „Ноу Камп“ се видени Јордан Хендерсон, Адам Лалана, Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Лукас Леива, Симон Мигнолет и Алберто Морено.
Барселона до победата ја водеше расположениот турски фудбалер Арда Туран, кој постигна три гола, додека четвртиот е дело на Лионел Меси. Барса ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите на прво место од групата Ц и ќе биде во повластена положба во текот на ждрепката на парови за осмина финалето. Борусија со освојувањето на третото место мораше да се задоволи со пласман во Лигата на Европа.